Претседателот на Управен суд Бурим Сејдини за МИА информира дека досега не пристигнала ниту една жалба по одлуките на Државната изборна комисија (ДИК), за приговорите поднесени од политичките партии по одржувањето на парламентарните избори на 8 мај.

Претходно, Државната изборна комисија (ДИК) на 104 седница ги разгледа приговорите поднесени од политичките партии по одржувањето на парламентарните избори на 8 мај.

Од вкупно 27 поднесени приговори – девет од коалицијата „Влен“, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица, прифатени се седум и тоа шест во Петтата изборна единица и еден во Шестата изборна единица.

Инаку, од Европскиот фронт најавуваат дека ќе ги обжалат одлуките на Државната изборна комисија (ДИК) во Управниот суд и ќе поднесат пријави за членовите на ДИК за кршење на правото на гласачите да ја изразат слободната волја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.