Министерот за образование Јетон Шаќири, одговарајќи на пратеничко прашање, потврди дека учениците кои почнаа од лани со новата дигитална концепција, следната учебна година ќе учат и од дигитални и од печатени улебници.

Вие знаете дека со концептот што почна лани во прво и четврто одделение треба да продолжи. Материјалите кои биле потребни се направени во соработка со Бирото за развој на образованието. Од материјалите за четврто и петто, минатата година имавме само за четврто. Министерството започнало со објава на конкурс за автори да се пријават со изработка на материјали – рече Шаќири.

Додаде дека, Министерството ќе обезбеди за оваа година, за учениците во четврто и петто одделение ќе има и дигитални и печатени материјали.

Кога ќе бидат готови ќе бидете известени, а ќе се одреди и начинот на кој овие материјали ќе бидат достапни, додаде Шаќири.

Пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ која го постави прашањето го поздрави планот на Министерството за образование да не се исклучуваат комплетно печатените учебници и предложи да се прифати хрватскиот модел, а не оној што го предлагаше поранешната министерка Царовска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.