Во Собранието се случува еден организиран хаос кој што е добро режиран од страна на претседатетелот на Собранието во соработка со парламентарното мнозинство но и со структури на МВР кои дефинитивно не се службеници на Собранието туку лична гарда на Џафери, го оценува вчерашниот настан пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска.

Не можам поинаку да го разберам однесувањето на луѓе кои би дозволиле да им наредува да го заклучуваат вратите од пленарната сала со некои небулозни аргументи.Ова е покажување на сила и покажување на моќ.Тоа е многу лоша слика-оценува Василевска во интервју за „Република“.

Таа објаснува што конкретно се случи вчера во Собранието.

Тоа беше пребројување бидејќи ние во бојкотот сме во Собранието но сме ангажирани на секоја точка и на тој начин покажуваме дека тенкото владејачко мнозинство не може да го издржи притисокот на опозицијата бидејќи не стојат на стабилни нозе.Мораат да ги донесат и Мендух Тачи и Али Ахмети, инаку немаат кворум.Со нашето пристуство и активност тие се исто така во офсајд бидејќи е очигледно дека нивните пратеници не се во тек со законските решенија.Ова е сигнал на најдемократски начин да отсликаме состојбата на неодржливост и оти решение е предвремени парламентарни избори-оценува Василевска.

Погледнете дел од интервјуто со Василевска кое во целост ќе биде објавено во сабота.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.