Никој нема да биде поштеден од одговорност по спроведената координирана акција на повеќе институции во Казнено поправната установа-КПУ „Идризово“ каде биле претресувани 25 ќелии и се пронајдени мобилни, ножеви и дрога, соопшти денеска министерот за правда Никола Тупанчески.

Тој заедно со директорот на Управата за извршување на санкции Марјан Спасовски информираа за акцијата која била спроведена вчера наутро во шест часот од страна на четири институции, а при претресите биле пронајдени поголема сума на парични средства од законски дозволените кои осудените лица можат да ги поседуваат во различни валути и апоени, 50-тина мобилни телефони, компјутерска галантерија, 37 ножеви и повеќе други остри предмети, дрога во прашкаста, течна состојба и таблетки и други предмети.

Резултатите од акцијата, првичните резултати се навистина дека се направи добра проценка и уште еднаш се реагираше на начин на којшто всушност би требало да биде, како во иднина треба да се реагира доколку се појават такви девијантни однесувања. Се разбира никој нема да биде поштеден од одговорност. Се работи за количина на мобилни телефони, ладно оруќје итн. Без оглед на се, зборуваме за затворска популација или зборуваме за казнено поправна установа од затворен тип. Само по себе пред се тоа подразбира одговорност, не станува збор за некаква дисциплинска повреда и не се работи за некоја лесна форма на криминалитет, самото по себе тоа подразбира дека одговорност треба да има. Меѓутоа сепак да го оставиме тоа да го завршат институциите коишто се надлежни, истакна Тупанчески.

Министерот информираше и за извештајот на  Комитетот за превенција за заштита од тортура, при Советот на Европа чии претставници пред десет дена при посетата на нашата земја констатирале дека не се најсјани условите во Казнено поправните установи во државава

Укажувањата на Комитетот за заштита на превенција меѓу другото беше дека практично треба да се интервенира во делот Казнено поправните установи каде што имаат конкретни укажувања дека меѓудругите интервенции или корекциите што треба да бидат направени, е во делот каде што може слободно да наречеме се работи за менаџирање на затворите, затворскиот менаџмент каде што укажувањето беше или сугестијата во таа насока дека има одредени лица коишто се именувани , а не ги исполнуват условите да бидат на таа позиција, појасни Тупанчески.

Забелешката, додаде тој, беше прифатена затоа што на многу експлицитен начин беше пренесена и Министерството за правда заедно со другите останатите институции коишто се надлежни за имплементација на таа сугестија, веќе почнуваме да ги отстрануваме недостатоците коишто претставуваат непочитување на некоја одредба од позитивните законски прописи.  

Директорот Спасовски нагласи дека направен е неселективен претрес во повеќе одделенија во 25 простори на затворот и дека се уште постојат индиции дека има мобилни телефони.

Ние редовно, на редовно ниво се вршат претреси на одредени ќелии, меѓутоа станува збор за најголем затвор и не е можно во една акција да бидат опфатени сите ќелии, истакна Спасовски.

Појасни дека претресот бил со наредба на обвинител и бил наменет за влез во 25 ќелии и точно таргетирани лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.