Повредата на правото на судење во разумен рок предничи во прекршување на човековите права, но има и низа други што произлегуваат од Конвенцијата за заштита на човековите права, смета Александра Цветановска, претседателка на Македонско здружение на млади правници.

Таа оценува дека состојбата со човековите права во однос на нивната заштита, како во светот, така и во Македонија е загрижувачка.

– Кај нас апсолутно предничи повредата на правото на судење во разумен рок, како и низа други права… Ние имаме прекршување на човековите права и тоа е нотирано во повеќе извештаи. За тоа доволно зборува и пресудите што ги добива Македонија кои се однесуваат на повреда за Конвенцијата за заштита на човековите права од страна на Европскиот суд за човековите права. Имаме прекршувања во повеќе сегменти во областите. Дополнително, постои и недоверба во институциите во однос на заштитата што граѓаните треба да ја добијат, рече Цветановска во изјава за медиумите по повод Меѓународниот ден за човекови права – 10 Декември.

Очекува дека институциите ќе вложат поголема заштита на човековите права и дека нив, како што рече, треба да ги уживаат сите и во секое време.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.