Катица Јанева и СЈО започнаа со паролата „Нема правда нема мир“ а сега завршија на „црната листа“ на нашиот најголем стратешки партнер САД поради вмешаност во криминал и корупција.
Јанева, која најголемата поддршка ја црпеше и добиваше од коалицијата на СДС и ДУИ, од таканаречен борец за правда стана непожелна личност за САД.
Сите судски случаи за Катица Јанева и СЈО за рекетирање, злоупотреба на службената положба и злоупотреба на јавното обвинителство водеа до првите луѓе во власта на СДС и ДУИ, се со цел пресметка со политичките неистомисленици, а тоа веќе е потврдено и од нашите стратешки партнери.
Втор на „црната листа“ се најде и марионетата на СДС и Ковачевски, градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски.
Јакимовски кои е во неформална коалиција со СДС и одработува за власта за отцепување на опозициските гласови е на оваа листа на САД за сторен криминал од високи размери.
СДС и ДУИ го спасија Стевчо Јакимовски од сите судски постапки во Македонија, но тој за САД е непожелна личност, бидејќи тој како што стои во соопштението на Американскиот Стејт
Департмент „бил вклучен во коруптивни дела, вклучувајќи искористување на неговата службена положба да се меша во урбанистичкото планирање и јавните набавки за корист лично за него и за неговите соработници“.
СДС секој ден, како расипана плоча, повторуваат дека се за европска Македонија, за европски вредности, а сите стратешки партнери секој ден потврдуваат дека тие се во коалиција со криминалот во Македонија. Последен доказ е токму соопштението од Стејт Департментот.
Ова е доказ дека институциите во Македонија не функционираат и корупцијата и криминалот метастазираат.
Никогаш не било полошо, за тоа важно е да ги поразиме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.