Судот во Куманово за 2 април го закажа судењето на претседателскиот кандидат и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски по обвинителен предлог за злоупотреба на службената положба.

Првото рочиште е закажано на два дена пред почетокот на изборната кампања.

Димитриевски, кој е лидер и на ЗНАМ, е обвинет по кривична пријава поднесена од двајца кумановски бизнисмени, бидејќи во законскиот рок не го потпишал барањето за комуналии за изградба на згради во центарот на Куманово.

Двете фирми пријавиле дека на тој начин градоначалникот на Куманово им предизвикал штета од околу 55.000 евра.

Димитриевски, по поднесување на обвинението против него, ги обвини двете фирми за блиски врски со СДСМ, а прогонот го протолкува како политички реваншизам од страна на неговите поранешни сопартијци од СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.