Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, вели дека се испитува случајот со продолженото малтретирање на ученик во основно училиште во Градско.
Секоја злоупотреба или насилство врз децата треба да се пријавува во центрите за социјална работа, во случајот во Центарот за социјална работа во Велес. Се преземаат мерки од страна на стручните работници, ќе се испита случајот и по доставувањето на известувањето од Центарот за социјална работа, ќе бидат преземени соодветни мерки, изјави Тренчевска на прес-конференција во Владата.
Таткото на ученикот за дел од медиумите изјави дека неговото дете било жртва на булинг од страна на двајца соученици кои го малтретирале подолг временски период.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.