Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сретна со амбасадорот на Чешката Република во Македонија, Јарослав Лудва.

На средбата соговорниците разговарале за актуелната политичка, економска состојба, како и евроинтегративниот процес на земјава.

Како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски потенцирал дека власта многу тешко се справува со економската и енергетската криза, а сето тоа лошо влијае на животниот стандард на граѓаните.

Воедно, Мицкоски истакнал дека покрај економската и политичка криза, владата ја турка државата и во нова политичка криза, нагласувајќи дека единствен излез од ваквата катастрофална состојба се одржување на предвремени парламентарни избори од кои бега Ковачевски и СДСМ, поради слабиот рејтинг, неработењето и немањето капацитет да обезбедат иднина за граѓаните.

Мицкоски го информирал Лудва дека ВМРО-ДПМНЕ смета оти европските интеграции треба да бидат според Копенхашките критериуми, а не според условување за историјата од страна на соседна Бугарија.

Мицкоски му се заблагодарил на Лудва за досегашната соработка со надеж дека истата ќе продолжи и во иднина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.