Дипломатски пасоши од Министерството за надворешни работи ќе добијат двајца фудбалски репрезентативци Александар Трајковски и Енис Барди, како и селекторот Боби Милевски, соопшти на денешниот брифинг со новинарите министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тие се нашите најважни амбасадори во моментов и го заслужуваат пасошот, како одделен доказ за нивните успеси. Им посакувам успех и во Португалија, истакна Османи.

Македонската фудбалска репрезентација завчера оствари победа над Италија во Палермо, со што обезбеди место во финалето од баражот за пласман на Светското првенство 2022.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.