Во Министерството за внатрешни работи затекнав катастрофална состојба и катасторфата сѐ уште трае.Колку и да се трудиме да го подобриме работењето можеме само да ги ублажиме проблемите но  не и да ги решиме.

Тоа е реалноста.Но, надеж има бидејќи има луѓе кои си ја сакаат Македонија, се професионалци и сакаат да помогнат и да си ја заработат платата што ја добиваат од граѓаните.Тоа беше позитивно изненадување и за мене.

Но тоа за жал не го прават сите, да го работеле сите немаше да бидеме на ова дереџе.Но, надежта ја има, не сме сите исти, се надевам дека за овој краткок временски период народот  забележа дека за овој еден месец не можело чуда да се направат, но можело да се работи во интерес на граѓаните за да се подобри нешто кое што како услуга граѓаните имале право да го имаат на достоинствен начин а овие кои што го менаџирале процесот имале обврска да го менаџираат за да биде подостоинствено за граѓаните.

Вака министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за „Република“ го опишува првиот месец како технички министер кој се совпаѓа со хаосот кој се случува со личните документи.

Тој потсетува дека овој хаос е започнат 2019 година кога,  како што ги нарекува политичари полтрони работеле не во интерес на македонскиот народ и Македонија туку за туѓи интереси.

Денеска сето она неработење и полтронство го гледаме како хаос со личните докумети.Во 2019 година Македонија го промени своето име, сменивме Устав со уцени и притисоци.Згора на тоа толку биле полтрони на туѓи интереси што ставиле рок за промена на лични документи да биде пет години од денот на стапување нас сила на Договорот од Преспа.Замислете колку треба да си без памет тоа да го направиш.Кој ќе им замерел тогаш да ставеле рок десет години за промена на документите.Замислете колку се овие  луѓе неспобни и непрофесионални-прашува Тошковски.

Министерот потсетува и на ветувањата на власта дека граѓаните нема да плаќаат за промена на личните документи.

Тоа го зборуваше портпарол на Влада.И сега кој е виновен, граѓаните?. Граѓаните се виновни за сѐ..Не знам како не им е срам, треба да се срамат од себеси и од нивната неспособност и непрофесионалност и полтронство.

Министерот забележува дека Македонија е единствената земја заедно со Северна Кореја каде граѓаните се заглавени во сопствената земја.

Ова што го прават е на граница со лудило.Ние моментално сме единствените во свет кои сме заробени во сопствената држава.Eвентуално Северна Кореја. Кога ќе кажеш Македонија сега синонимот е повеќе на Северна Кореја отколку на Европа.Каде го има тоа со важечки пасош што ти го издава државата да не можеш да излезеш од сопствената земја-посочува министерот.

Техничкиот министер вели дека за ова мора некој да понесе одговорност.

Срам ќе биде на идната влада ако никој не понесе одговорност-краток е Тошковски.

Министерот ја објасни процедурата и темпото на издавање лични документи.

Завчера има издадено 3204 пасоши.Имаме две машини кои имаат максимален капацитет од 3300 пасоши.Како е дојдено до ова? Ние чуда не направивме.Но ако претходно работеле од седум часот наутро сега работат од шест а навечер наместо до 21 часот работат до 22.Тоа се плус два часа дневно.Сега се работи и во сабота и во недела.Тоа е максимумот.Со ова бројот на месечна основа од 50.000 на 75.000.Тоа е 25.000 плус пасоши или отприлика за 50 посто сме го зголемиле капацитетот на производство со макотрпна работа на луѓето и со коректен и професионален однос спрема нив, сме ги наградиле овие луѓе кои работат дополнително.Но, 650.000 пасоши да ги произведеме заклучно со 12.2 2024 година е научна фантастика.Тоа е невозможно.

Министерот се осврна и на проблемот со обрасците.

Многу ми е драго кога некој  како Бојан Маричиќ објаснува за обрасци а појма нема човекот.Го повикувам на TВ дуел да позборуваме токму за обрасците.Вели дека сѐ било функционално па се прашувам каде живее човекот, во Шведска? Ги лажат македонските граѓани, школо ли имаат некое за лажење.Нели ги сретнуваат соседи и ги прашуваат што правевте овие седум-осум години.

Тошковски смета дека Македонија е синоним за парадокс.Чудата, вели министерот се само во Македонија, освен можеби само во Северна Кореја. Сликовито објасни каде може а каде не може да се влезе со документи со старото име.

Граѓанин на Македонија со лична карта со старото име тргнува од Скопје и без проблем оди во Белград.Може да оди да пие кафе во Косово или во Тирана и да се избања на море во Албанија.Може да влезе во Хрватска а може со автомобилот да отиде во Австрија,Италија, Унгарија или Прага и да се врати назад.Но, ако му се расипе автомобилот и сака да се враќа со авион може да слета во Скопје со истиот пасош ама не може со авион повторно да излезе.

Министерот нема дилема дека во моментов ниту една земја од ЕУ и од регионот нема побарано да не важат старите пасоши туку дека власта самата бара тие да бидат неважечки.

Ветото Македонците да бидат затворени во државно домашен притвор е дадено од СДСМ и ДУИ.Тоа има име и презиме.Дури и ЛДП собра храброст да достави предлог кој е коалициски партнер на СДСМ.Дури и тој предлог е разумен и ќе го реши проблемот за разлика од нивното немање памет  во делот на решавање на проблемот на македонските граѓани и нивни соседи бидејќи за семејствата си извадиле пасоши.За наши луѓе за Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми кои имаат македонско државјанство.Што е виновен народот што 630.000 граѓани со активни пасоши не можат да излезат од државата.Инаку бројката.Бројката на потенцијални кои би имале право да земат пасош во следниот период е 1.20000 граѓани.Ова е факт..А вкупната бројка на лични документи што треба да се заменат е околу два милиони и сто илјади.Ова бројка се зголемува од ден на ден бидејќи возачки дозволи, пасоши или лични карти  истекуваат и редовно.

Иако постапката на издавање на личните документи е подобренa, министерот е свесен дека има многу проблеми. Како пример се граѓани на кои пасошот им бил готов на 24 јануари а СМС за подигање примиле дури на 27 феруари.

Точно е. Имаме 2.100000 документи.Кој ќе ги издаде овие документи.Моментално има тесно грло.Сега велат дојде министерот од ВМРО и го направи проблемот.Па добро кој им верува на ова? На други граѓани не можат да им ги најдат документите но хаосот не е од пред два дена туку интензивен од пред три-четири месеци.Проблемот е што сега напливот е многу голем.Никогаш немало таков наплив.Сѐ ќе решиме ама треба време и чесен и искрен пристап.Ги знаеше ли некој овие бројки досега, државна тајна ли се, безбедносен сертификат ли имаат.За ова одговрност мора да има-ветува министерот.

Прашањето за неодамамешното убиство на таткото на осомничениот Оки, Тошковски бара да се постави на оној што согласно закон има надлежност и императивна моќ да превземе оперативни акции и планови.Тој човек е на иста функција од август 2018 година и треба да ја гарантира безбедноста на граѓаните.

Министерот објаснува и зошто сѐ уште не е формиран оперативниот штаб за изборите.

На 19 февруари имав состанок со сите надлежни во министерството на највисоко ниво и побарав да се формира.На 27-ми писмено се обратив до единствениот надлежен кој што има право и обврска но не ми одговори.Немам информација зошто сѐ уште не е формиран.

Тошковски нема информација дали пасошите на светските криминалци и нарко босови кои беа делени во време на неговиот претходник се поништени или и тие ќе дојдат да ги променат.

Тоа е една од работите кои ќе треба да се истражат во детали во следниот период.За овој случај имаше една акција во која одговараа само ситни риби.Ќе бидат проверени и тие пасоши.Нека не се грижат македонските граѓани, после осми мај кога ќе имаме нормална влада ќе се проверат сите овие работи.Сѐ ќе се расчисти-ветува министерот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.