Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервјуто за „Република“ се осврна на последното убиство во Скопје во кое беше ликвидиран таткото на осомничениот за убиството на Орхан Бајрами-Оки како и за подметнатиот пожар во кафе барот „Барон“ во Чаир.

Министерот смета дека прашањето за ова убиство треба  да се постави на оној што согласно закон има надлежност и императивна моќ да превземе оперативни акции и планови.

Тој човек е на иста функција од август 2018 година и треба да ја гарантира безбедноста на граѓаните-посочува министерот.

Министерот објаснува и зошто сѐ уште не е формиран оперативниот штаб за изборите.

На 19 февруари имав состанок со сите надлежни во министерството на највисоко ниво и побарав да се формира.На 27-ми писмено се обратив до единствениот надлежен кој што има право и обврска но не ми одговори.Немам информација зошто сѐ уште не е формиран.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.