Оливер Спасовски има политичка одговорност и треба да понесе оставка зошто во неговото министерство организацијата не функционирала и некој затаил, смета адвокатот Александар Тортевски, кој во вечерашната „24 анализа“ го коментираше барањето на Антикорупциската комисија за одговорност од министерот за внатрешни работи за ненавремената реакција околу техничкиот преглед на автобусот на „Беса транс“, во кој загинаа 45 лица.
Тој што го чувал документот за техничките проблеми на превозникот, тој има кривична одговорност зошто направи злоупотреба на службената положба, му овозможил на некој субјект да обавува дејност спротивно на законите. Сигурно е дека МВР потфрлиле. Ако министерот поднесе одговорност, тој има морална обврска да го расчисти случајот и да поднесе одговорност, рече Тортевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.