Со излагањето на адвокатите на Миле Јанакиески започнаа завршните зборови во случајот „Топлик“. Сите се едогласни дека во овој случај нема штета по државниот буџет и оти обвинителот Рустеми ја презема улогата на државниот правобранител кој единствено има право да побара штета.

Адвокатот Дончо Наков во своето излагање истакна дека дури и основниот Кривичен суд исплаќа закозна затезна камата а меѓу другото и членови на овој совет имаат добиено.

„Топлик“ е прв случај во Македонија  каде некој се гони за исплата на законска затезна камата по спогодба склучена од државно правобранителство.

Наков истакна дека и судовите  исплаќаат по решенија каде се исплаќа законска затезна камата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.