Обилните врнежи од дожд предизвикаа поплави во Тетово, пренесе ТВ21, вклучувајќи се во живо од поплавените дворови и подруми на тетовчани.

На терен може да се забележат поплавени улици, домови, подруми. Официјални соопштенија од надлежните уште нема, ниту дали се работи на терен.

Во текот на денот беше најавено дека ќе има и до 50 литри дожд на метар квадратен површина.

Во соседството веќе има поплави кои однесоа и човечки жртви.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.