Влезот на Алијансата за Албанците во владата може да биде нож со две острици за оваа партија, бидејќи со ваквиот чекот многу би ризикувала со својот електорат, посочува поранешниот вицепремиер на Владата, Имер Селмани во интервју за ТВ21.

Според него Алијанса мора да го земе предвид ризикот од евентуален влез во оваа Влада која има уште една година од својот мандат.

– Се работи за многу специфични околности со кои се соочува нашата земја. Алијансата за Албанците е клучот за целосно вклучување на земјата во ЕУ, каде следен чекор се уставните измени. Во моментов мнозинството ги нема вистинските бројки за уставните измени, многу е нормално да се стави на маса влезот на Алијанса за Албанците во Владата. Но, за ова треба да одлучи Алијанса, бидејќи од една страна ќе го даде својот придонес за владата, од друга страна оваа влада е во последната година од својот мандат и Алијансата мора да го земе предвид и ризикот со евентуалниот влез во Владата. Ова за нив е меч со две острици, рече Селмани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.