Две новоформирани микрокомпании од Скопје, веќе трет месец учествуваат во спасувањето на Македонија од последиците на светската енергетска криза преку милионски договори склучени со државната компанија Електрани на Македонија (ЕСМ) за увоз на јаглен за РЕК Битола. Тие се вклучени во планот на државата да го зголеми домашното производство на струја за 20 отсто, пишува Призма.

Кога станува збор за набавките на јаглен и на други енергенси, претставници на ЕСМ не пропуштаат енергично да нагласат дека „компанијата спроведува транспарентни постапки, иако не е законски обврзана на тоа“, имено Законот за јавни набавки го иззема ЕСМ од обврската јавно да ги објавува огласите и одбраните компании. Меѓутоа, ЕСМ истовремено е имател на информации од јавен карактер и како таков подлежи на Законот за пристап до информации од јавен карактер. Сепак, транспарентноста со која се гордее компанијата најголем огласувач ја снемува кога договорите за увозот треба да се објават или да се овозможи увид во нив, како податоци од јавен карактер.

Целиот текст овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.