Се наоѓаме на секунда пред национална катастрофа, пишува актерот Сашо Тасевски на својот фејсбук профил.

Се потпишат ли оние бугарски уцени, сме се избришале како Македонци. Како народ. Државата веќе ја изгубивме. Онаа асномската.

Јас бугарски пасош немам и нема шанси да се разбудам некое утро со солзи во очи и да си речам: Леле ама сум бил ќор. Па јас сум си отсекогаш Бугар а не сум знаел за тоа!

Но на некои тоа им се случило. Па извадиле и бугарски пасоши.

Само проблем е што тие се политичари и сега се некако најгласни против бугаризацијата.

Не можам да им верувам, зашто не така одамна плачеле по Бугарија. Може уште плачат, ама кријат.

Лицемерие.

Затоа апелирам до опозицијата да расчисти со овие петоколонашки струи во своите редови зашто ќе бидат опасност за нас и во иднина, кога ќе се смени власта.

Ќе се спасиме како народ само ако еднаш се расчисти со овие странски платеници.

Освестете се на време, тргнете ги на страна или нека излезат и јавно нека се откажат од своите бугарски државјанства. Помина времето за седења на два стапа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.