Мери Попова, секое наше претставување на Евровизија се претвора во скандал. Секој избор на песна за Евровизија и е скандалозен, наместен, вели актерот Сашо Тасевски за шефицата на македонската евровизиска делегација.

Минатата година дозволивте бугарско знаме да се појави на спотот на македонскиот претставник кој самиот се осеќаше како Бугар.
Требаше и минатата година да го откажете учеството. Не го направивте тоа.
Оваа години а исто скандал кој се обидуваш да го оправдаш.
Очигледно смрди нешто во вашата екипа. Никој не може да е смени повеќе од деценија и покрај сите скандали. Се однесувате како да сте недопирливи, а трошите наши пари и притоа не понижувате за наши пари.
Дајте си оставки одма и со пејачката вратете се дома под итно, порача Тасевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.