Основното јавно обвинителство до овој момент нема отворено предмет за настанот кој ја разбранува македонската јавност, а кој се однесува на евровизиската претставничка Андреа Коевска која го фрли државното знаме на подот при фотографирањето синоќа во Торино, Италија.

До овој момент нема индиции дека во настанот имало намера државното знаме да се изложи на подбив и исмејување, велат од Обвинителството за „Слободен печат“.

Македонската евровизиска претставничка Андреа Коевска уште еднаш се обрати до јавноста, овојпат преку „Инстаграм“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.