Доскорешниот лидер на Алијанса за Албанците, а од неодана, по партискиот раскол, лидер на дел од таа парија и кандидат за претседател на опозициската коалиција Вредин, Арбен Таравари вели дека по разидувањето со Зијади Села веројатно разврската ќе биде пред судот, но и информира како со Села поделиле дел од партискиот имот. Таравари ја потврди средбата со Села.

Имаше еден состанок пред повеќе од две недели каде што се видовме и уште еднаш се обидовме дали може, да речам, да ги испегламе разликите. Ние имаме две канцеларии и да нема конфликт, да не се случуваат недоразбирања, одлучивме во Скопје да ја користат тие канцеларијата, а во Тетово да ја користиме ние како официјално седиште на партијата – рече Таравари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.