Да живее Европска Македонија, порача денекса во Собранието премиерот Димитар Ковачевски, кој пред избори реши да ја заборави придавката „Северна“, а неговите пратеници и сопартијци веднаш потчинето му аплаудираа на лидерот.

Тој, меѓудругото во говорот го нарече Предлогот за менување на Уставот – македонски, иако станува збор за истиот француски предлог со којшто мнозинството од граѓаните не се согласува.

Затоа денеска, кога ќе ги погледнете улиците во Скопје, гледате дека сѐ е мирно и дека граѓаните очекуваат подобра иднина, мудро ќе порача премиерот заборавајќи ги масовните протести против овој предлог.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.