Дебаклот на СДСМ на овие избори е од епски размери, што би рекле некои нивни поддржувачи. Ковачевски забележа убедливо најлош резултат како лидер на СДСМ и освои само 153.250 гласови по што СДСМ стана трета партија во Парламентот.

Со овие гласови Ковачевски е полош е дури и под Радмила Шекеринска. Популарната Рада на вонредните парламентарни избори во 2008 година кои се случија како резултат на Самитот на НАТО во Букурешт кога Македонија не доби покана за членство СДСМ освои 233.284 гласа како коалиција „Сонце“.Тогаш се мислеше дека подолу од ова СДСМ не може. Но, ете можело.

Ковачевски најави внатре партиски избори.Аспирации покажува Јован Деспотовски, но и Оливер Спасовски.

За СДСМ е најважно да се ослободи од т.н „сељачко“ крило и да стане вистинска социјалдемократска партија а не струмички клан каков што е сега.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.