На местото каде што владата на СДСМ во август 2022 година бомбастично најавуваше изградба на фабрика за производство на електрични возила, на пуста ливада зјае само дупка од која ѕиркаат неколку шипки арматура, останати од фрлањето лопати во знак на поставување на камен-темелник за објектот.

На поставувањето на камен-темелникот присуствуваше свита составена од речиси целата влада на чело со премиерот Димитар Ковачевски, при што тој највуваше и ветуваше дека станува збор за инвестиција од 130 милиони евра, во која Владата ќе помогнела со 35 проценти од средствата.

За две ипол години оваа компанија ќе вработи 890 луѓе на кои ќе им исплаќа просечна бруто плата од 1340 евра, истакна Ковачевски во таа пригода.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.