Како веќе да се „искапале“ во „Черното Море“ и да станале „чисти Бугари“, политичките „пресное*ци“  од СДСМ деновиве мантраат дека „дури и кога германскиот Бундестаг донесе Резолуција за поддршка на европскиот пат на државата и дополнителна потврда за македонскиот јазик, идентитет и посебност, Мицкоски и ДПМНЕ не успеаја да лобираат нивни сестрински партии да гласаат За резолуцијата“.

Досега на сите им беше јасно дека политички, со својата сервилност, одамна се водат како (нео)врховисти и отворени негатори на македонизмот и на Македонците воопшто, анализира Пресинг ТВ во текстот „Таче брза да се искапеме во Црно Море за побрзо да станеме чисти Бугари!“.

Во анализата се потсетува на понизните повици на бившиот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев, кој ги моли своите функционери, па и граѓаните да го почитуваат Уставот, а со тоа и да го користат новото име на државата, но и на актуелните повици на неговиот наследник намесник Димитар Ковачевски, кому повеќе од сѐ му се брза да се истуркаат уставните измени за што побрзо да не престори во Бугари.

Такво чувство се добива ако се следат последните партиски соопштенија на владејачкиот СДСМ и на неговите највисоки функционери. Овие недораснати политички „пресное*ци“ како да не го знаат стариот виц. Оној, де, што велеше што ќе се добие ако Македонец се искапе во „ Черното Море“? Па, „чист Бугарин“, нели.

Да не го почитувате Уставот на државата и името на својата земја, јас можам да разберам дека некој не се согласува со ваквиот процес, но сите се согласуваме со демократијата и демократијата вели тоа е новиот Устав кој што е изгласен со двотретинско мнозинство заради идните перспективи на децата, на младите, на нашите интеграции во ЕУ и НАТО. Односот кон Уставот на државата кажува секој поединец каков е всушност, велеше Заев, пишува во текстот на Пресинг ТВ.

Во текстот се сопоставени фактите од кои јасно се чита која е улогата на СДСМ, а која на ВМРО-ДПМНЕ во отворањето на бугарската Пандорина кутија и во затворањто на европскиотпат на Македонија.

Кој го потпиша целосно асиметричниот Договор за добрососедство, пријателство и соработка-ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ?

СДСМ на чело со Зоран Заев, така. А, со кого го потпиша? Со Бојко Борисов од ГЕРБ како премиер. А, ГЕРБ е сестринска партија на СДСМ или на ВМРО-ДПМНЕ? На ВМРО-ДПМНЕ, така. А, зошто Борисов го потпиша со СДСМ, а не со ВМРО-ДПМНЕ? Зашто, најде овци за стрижење, политички „пресное*ци“, кои и дете од мајка крадат за да дојдат на власт.

Кој го прифати, и тоа без постигнат политички консензус, т.н. француски, а во суштина чисто бугарски предлог? ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ?

СДСМ, исто така.

А, кој го протна условот за внесување на Бугарите во македонскиот Устав?

Бугарскиот претседател Румен Радев, така. Е, Радев е претставник на бугарската десница или на Бугарската социјалистичка партија? На БСП, така. А, БСП е сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ или на СДСМ? На СДСМ, така.

А, кој беше бугарски премиер, кој го протурка т.н.француски, а во суштина чисто бугарски предлог?

Кирил Петков од Промените продолжуваат, така. Е, за тој ист Кирил Петков, кој во суштина ги издигна бугарските услови на ниво на европски, претседателот Стево Пендаровски нѐ убедуваше дека бил Нелсон Мандела во однос на министрите од ГЕРБ на Бојко Борисов. Така беше или не? Да не треба да ја ставиме и изјавата на Пендаровски?!

И сега кој вели дека вметнувањето на Бугарите во Уставот е само почеток на бугарските барања?

Потпретседателката Илијана Јотова, која исто така е од редовите на БСП, односно од сестринската партија на СДСМ.

А, кој вели дека Македонците постојат од 1944 година и дека Македонија и Бугарија треба да се однесуваат како Романија и Молдавија или како Грција и Кипар, односно како еден народ во две држави?

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, од редовите на ГЕРБ, истиот ГЕРБ со кој СДСМ го потпиша Договорот од 2017 година. Е, истиот тој Андреј Ковачев им честиташе на двете германски партии од опозицијата за тоа што не гласале за Резолуцијата на Бундестагот.

Ајде и вака да погледнеме на нештата. Бугарија доби ротациона влада. Прво премиер од редовите на ПП-ДБ, а министер за надворешни работи од ГЕРБ. По девет месеци, ако опстои владата, премиерот и министерот за надворешни работи ќе бидат обратно избрани. Дали тоа ќе значи дека нашата Влада прво ќе паузира во преговорите девет месеци, па ќе ги продолжи и обратно, за да го чека бугарскиот Нелсон Мандела? Глупости на квадрат. Или и за тоа ќе бидат виновни ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски?!, прашува Пресинг ТВ.

Андреј Ковачев, пак, заедно со уште еден бугарски европратеник, Ангел Џамбаски, во саботата на bgonair.bg, отворија нова политичка битка со Македонија под кодно име „Скопјегејт“, а во центарот на вниманието е извештајот за нашата држава, што треба да биде усвоен во Европскиот парламент.

Пред да продолжат политичките „пресное*ци“ од СДСМ истовремено и да ги обвинуваат и да ги молат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски за уставните промени, ќе биде подобро да ја говорат вистината за тоа што се случува во ЕП и кој со кого се пазари на сметка на Македонија и Македонците. Еве им го линкот и нека научат нешто. Зашто, не секогаш нападот е и најдобра одбрана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.