Скопје не е единствениот град кој остана без струја по експлозијата на трафостаница на МЕПСО. Свети Николе повеќе од еден час е во мрак. Градот сѐ уште нема електрична енергија.

-Повеќе од еден час сме без струја. Дојде двапати, многу кратко и пак снема – коментираат жителите на градот.

Сѐ уште нема информација дали дефектот кој го остави Скопје без струја е причината поради која и Свети Николе нема струја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.