Пратеникот Сурија Рашиди ќе биде предлог за директор на МЕПСО, а поранешната заменичка на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, Бујаре Абази ќе биде новата директорка на „Македонски пошти“, потврдуваат од Алијанса за Албанците.
Рашиди за директор на МЕПСО ќе дојде на местото на Орхан Муртезани од редовите на Алтернатива, откако таа партија излезе од Владата. Нов пратеник од Алијанса за Албанците, на местото на Рашиди ќе биде Ремзи Мехмеди од Кичево.
Додека, пак, Абази на директорската позиција ќе го смени Васко Стефанов, откако Алијанса за Албанците стана владин партнер. Абази е актуелна советничка во Советот на Град Скопје и потпретседателка на Алијанса за Албанците.
Со реконструкцијата на Владата, Алијансата за Албананците ги доби и министерствата за правда, за здравство и за информатичко општество и администрација со кои раководат Кренар Лога, Фатмир Меџити и Азир Алиу. Кадри на Алијансата за Албанците се поставени и на заменичките места во Министерството за одбрана Тирон Јајага и заменик министер во Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство – Вјолца Бериша.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.