Судијката Софче Ефремова Гаврилова уверливо ги читаше пресудите против Бојан Јовановски и останатите обвинети во случајот „Меѓународен сојуз“. Најголемо изненадување предизвика пресудата од 9 години затвор за популарниот Боки 13.
Судијката во пресудата образложи дека Јовановски свесно ги измамил бизнисмените Силјан Мицевски и Адријан Амзоски и ги довел во заблуда дека ќе обезбеди државно земјиште за домови за стари лица.
Тоа, објасни судијката објаснува дали такви бизнисмени би можеле да бидат измамени.
За Боки рече дека има „интелектуална префинетост” и дека можел да ги доведе до заблуда овие лица.
Дали е дел од договорот со овие лица парите да се однесат во домот на неговите родители само четири дена по подигањето . На фотографијата се гледаат 14 пачки по 50.000 евра односно вкупно 700.000 евра. Овие пари не се наменети за проектот, објасни Гаврилова.
Таа образложи дека од Мицевски биле земени 719.000 евра а од Амзоски 233.000 евра.
Со тие пари, смета судот Јовановски си ја отворил 1ТВ како и за приватни цели.
За обинетата Ременски судијката образложи дека таа со својот углед и авторитет му помогнала на Јовановски на средбите со бизнисмени и градоначални да се добие впечаток дека зад проектот стои власта.
Неспорно е, смета судијката дека меѓу нив имало контакти но се докажа дека Ременски знаела за измамата на Јовановски.
Но, обвинителството не докажа дека Ременски има вина и за неа беше донесена ослободителна пресуда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.