Ова е доказ дека вие сте слуга на Зоран Заев ѝ рече обвинетиот Бојан Јовановски на судијката и не ја дочека до крај пресудата.

Откако судијката Софче Ефремова Гаврилова ги прочита казните за обвинетите во случајот „Меѓународен сојуз“, Боки ѝ се обрати:

Мене ќе ми судиш 9 години! Најголемата хиена, слуга на Зоран Заев. Оваа пресуда е доказ. Доказ дека си слуга на Зоран Заев! Господ казнува, не казнуваш ти.

Таа му рече да молчи по што Јовановски налутено ја напушти судницата незадоволен од казната од девет години.

Повеќе за пресудата:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.