Градоначалникот на Општина Струга Рамис Мерко денеска го посети Конзулатот на Република Косово во Струга и оствари средба со конзулот Агим Красниќи.

На средбата, како што соопшти општинската прес-служба, било разговарано за долгогодишната соработка меѓу Струга и Република Косово, како и за одбележувањето на Денот на независноста во Косово.

Соработката меѓу Струга и Република Косово има долга историја. Во духот на оваа соработка очекуваме реализација на низа проекти и збратимување меѓу повеќе општини и основни и средни училишта. Се разговараше и за одбележувањето на Денот на независноста на Република Косово, проблемите со кои се соочуваат граѓаните и посветеноста на институциите да ги разгледаат и реализираат нивните барања, стои во соопштението.

Градоначалникот Мерко, како што е наведено, изразил задоволство што Република Косово има конзул во Струга, што ја олеснува соработката со косовските општини.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.