Стотина припадници на македонската Армија, меѓу кои пешадија, инженери и ренџери заминуваат за Словенија да помогнат во справувањето со последиците од големите поплави што ја зафатија земјата. Војниците се од различен состав, а веќе имаат слично искуство со поплавите во скопско пред седум години. Дел биле ангажирани и во други мисии надвор од државата. Во Словенија ќе останат еден месец.

Министерката за одбрана Петровска рече властите во Скопје веднаш исконтактирале со словенечката влада за да се координираат и да се утврдат потребите за помош, којашто е побарана преку механизмот за помош и поддршка во кризни ситуации.

Испраќањето припадници на Армијата и опрема следува откако претседателот Пендаровски како врховен командант на македонската армија издаде наредба до началникот на Генералштабот Ѓурчиновски да подготви контингент војници кои најскоро би биле испратени напомош во Словенија. Словенечкиот премиер Голоб најави дека ќе мора да обезбедат што е можно повеќе пари од европските фондови и странска помош. Проекциите за штетите ќе се бројат во неколку милијарди евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.