Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, во своето гостување во емисијата „Само вистина” која се емитува на Канал 5 рече дека ова што сега ни се случува не е само од сега туку дека Гордиевиот јазол со краватата го одврза Зоран Заев во 2018 со Договорот од Преспа и рече дека ние сега сме пред одврзан Гордиев јазол, односно владејачкото мнозинство кое вели дека од ЕУ кажуваат дека предлогот е добар, но не слушаат што велат македонските граѓани и затоа македонскиот народ излегол на масовни протести.

Не само опозициските партии, туку и граѓански организации и голем број на видни општествени личности побараа да не се држи протоколот во тајност, туку конечно да го видиме францускиот предлог. Не можеме повторно да бидеме ставани пред свршен чин, да ни се дава во пет до дванаесет и да кажеме дека доколку ова не го прифатиме, понатаму нема да добиеме ништо подобро. Комплет ништо не е покажано, а секој ден ако гледаме ги гледаме изјавите на Бујар Османи се дека ќе го објави, не е довршен, па еден дел има кога вели дека е комплетиран во МНР за да наредниот ден да вели дека ЌЕ го докомплетира, а утрово да каже дека со Генчовска повторно треба да бидат на линија за да ги средат работите. Денес и дипломатскиот синдикат излезе со барање за оставка на министерот Бујар Османи токму заради ова држење во тајност.

Јас многу се сомневам во овој процес, не знам каква намера имаат да го изведат, слушаме дека можеби ќе дојде во Собрание, можеби нема да дојде но сепак сметам дека е срамно што сето она што во овие денови се изведува од страна на власта и токму затоа не само ВМРО-ДПМНЕ, туку голем број македонски граѓани протестираат пред Владата на Република Македонија и затоа не можам да се согласам со денешната изјава на Маричиќ кој што вели дека е во секојдневна комуникација со бугарската страна, туку тој треба да биде во комуникација со македонската – додаде Стојаноска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.