Денес од Тетово сакам да поставам две прашања кои се однесуваат на се уште актуелниот претседател Пендаровски, рече Дафина Стојаноска.

Дали некој се сеќава дека излезе со некаков став или изјава по однос на модуларната болница и пожарот кој одзеде 14 животи на тетовчани?

Или некој пак памети дали Стево Пендаровски освен што се сликаше со малиот генијалец од Тетово, Македон Димитриески нешто после тоа презеде?

Тоа е доказ дека Стево Пендаровски беше претседател кој имаше само слика, а без глас. За разлика од него, неговата противкандидатка профеорката Гордана Силјановска Давкова е жена која има став и жена чиј глас со будно внимание се слуша насекаде низ светот.

Токму затоа сме денеска пред споменикот на „Жената борец“ во Тетово, затоа што тоа е симбол дека Гордана Силјановска Давкова е жена борец и тетовчани знаат кој е изборот на следните претседателски и парламентарни избори. Изборот е јасен, изборот е бројот 2 за Македонија повторно да биде горда, изјави  Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.