-Стево Пендаровски ништо не стори за младите, ништо не стори за возрасните. Не реагираше пред ниеден скандал и криминал, и не изрезили секаде кај што се појави, а и таму каде што не се појави. Ќе го запаметиме како најнемиот претседател и како претседател кој ниту еден ден не беше наш, беше од Бојко, беше од мафијашите во Владата, ама наш – никогаш не беше! Доста е од резил-Стево! Затоа, на 24-ти април да му ги собуеме чевлите, а на 8-ми мај, усвет нека фати, порача Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6, во Гостивар во рамките на претседателската кампања.

Стојаноска во текот на своето обраќање се осврна на професорката Гордана Силјановска Давкова каде истакна дека професорката Силјановска Давкова е изборот на народот.

-Вие сте избор на народот. Вие сте новата Македонија горда, исправена и достоинствена. Вие сте се за што претседателот Мицкоски зборува изминативе 7 години. Вие сте знаење, мудрост, искуство, сигурност, аргументираност, љубов, топлина, сочувство, емпатија, грижа, посветеност, гордост, рече Стојаноска.

Стојаноска истакна дека ВМРО-ДПМНЕ го обелоденува криминалот на раководните лица на ДУИ и доколку тој продолжи по 8 ми мај Македонија и граѓаните ги чекаат уште полоши времиња.

-Ние го обелоденуваме криминалот на раководните лица во ДУИ кој е една од причините што, посебно во нашиот регион, има масовно иселување на чесен, работлив народ, без разлика на неговата припадност. Доколку ова продолжи после 8-ми мај, верувајте дека не чекаат уште полоши времиња. Тие криминалци само се кријат позади гола политичка реторика и националшовинизам. Тие, заедно со СДСМ, синхронизирано немилосрдно пљачкаа, распродаваа и уништуваа. Тие изминативе 6 и пол години беа најголемата елементарна непогода. Мора да се стави крај на ова! Затоа велам: Ние не сме против никого! Ние сакаме да владее законот и да се врати редот во општеството. Сакаме мирен живот и соживот, вели таа.

Стојаноска дополни дека ВМРО-ДПМНЕ по големиот изборен резултат ќе понуди коалиција со сите кои ќе се обединат против криминалот.

-ВМРО-ДПМНЕ, после големиот изборен резултат, ќе понуди коалиција со сите кои со нас ќе се обединат против криминалот и корупцијата. Таквиот сојуз може да го одбијат само оние кои сториле криминал и кои се плашат од одговорноста заради тоа. Единствено за што ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет, тоа е коалиција со криминалци. И, ако некои партии тука се пронаоѓаат, тогаш проблемот е кај нив, а не кај нас. Најбитно е што народот е на наша страна и што од нас бара борба со криминалот, кажа Стојаноска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.