Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски упати остри критики до Антикорупциската комисија и побара оставка од претседателката Билјана Ивановска.
Стани Билјано Ивановска оди си!
Всушност, ДКСК најави дека до нова година ништо нема да сработи! Немала софтвер, чуда, не и пријавувале… Па за што си таму Ивановска, да ја переш владата, демек има тело?
ВМРО-ДПМНЕ исто така нема софтвер, ниту ЕУ пари за софтвер, ниту владата ја известува, ниту генералниот секретар на владата, ниту министерката, ниту Собранието…
Ама ВМРО-ДПМНЕ само сега “ти улови” 123 лица за кои одговорноста е кај тебе.
Ти даде уште стотици предмети што ги чуваш во фиока. Јавно те прозиваше за објекти кои ги немаше во анкетни листови.
Едноставна е формулата, САМО ТРЕБА ДА СЕ САКА ДА СЕ РАБОТИ! Ниту е до софтверот, ниту е до екипираноста! Ама пустото мораше да ги переш Заев, Филипче, вработувањата во М-НАВ…
Јасно е:
ДКСК СО БИЛЈАНА ИВАНОВСКА И БАЏАНАКОТ НА ТАЉАТ ЏАФЕРИ НЕ ПОСТАПУВААТ! Тие се параван за криминогени дејства!
А , да И ТЕНДЕРАШКО Е ОТКРИЕН ОД ВМРО, а се приклучи само откако доби некаков “божји знак”!
*Како што реков Билјана Ивановска ќе рече “немаме капацитети” и обвини други!
Институциите кои избираат и именуваат функционери не го пополнуваат навреме регистарот за избрани и именувани лица, што и создава проблеми на Комисијата за спречување на корупцијата да води евиденција за функционерите кои не го доставуваат анкетниот лист со богатството и имотот со кој располагаат, изјави вчера претседателката Билјана Ивановска на седницата за прашања на пратениците.
Ивановска се пожали дека ДКСК нема ни софтвер со кој можат да го следат статусот, богатството и имотот на функционерите.
Темата за имотите на функционерите ја отвори ВМРО-ДПМНЕ, која под името афера „Тајни имоти“ почна со објавување имиња на вкупно 123 функционери и нивни роднини од власта кои не доставиле имотни листови до Антикорупциска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.