Никој не се заканува со бомби во школи за да откаже испрашување, тест или да ја смени директорката. Ниту пак го прави тоа зашто нема пари за греење па ај ќе направам паника за сите да седат дома, вели актерот Сашо Тасевски, според кој овие закани се нарачани и спроведени од „одредени центри на моќ, власта или странски тајни служби со асистенција на домашни предавници, петта колона“.

А можеби сите тие елементи делуваат заедно со власта, доколку е квислиншка. Може да биде вклучена и шестата колона или екстремната емиграција.
Целта е да се предизвика страв кај населението со цел да се спроведе некој поголем план на негова штета. Воведување на екстремни мерки божем за негова заштита, скратување на неговите слободи, скратување на способноста да мисли критички… Оти кога смртно ќе исплашиш некого, тој не може логички да мисли што му се случува, па можеш лесно да го манипулираш или да го натераш да прифати нешто што во нормална состојба никогаш не би го прифатил.
Особено ако му се заканиш по животот на неговите деца.
Е сега целта на заканите може да биде и дестабилизација на власта. Да се покаже колку е неспособна да одржува мир и безбедност и да се бара нејзина брза смена.
Но, моја претпоставка е дека зад заканите со бомби стои власта под диригентската палка на странски непријателски служби кои намерно создаваат паника меѓу нас за да го кренат нивото на нивната контрола и манипулација над нас како би го спровеле до крај својот план.
Мирна спора федерализација и поделба на Македонија, без тоа да го запали балканското буре барут.
Сега они го читаат ефектот на заканите во јавноста. Ако проценат дека не задоволува, ќе детонираат и вистинска бомба во некое школо. За почеток кога нема ученици во школото. Третата фаза би им била прав масакр.
Доколку пак, зад заканите стојат некои исламски екстремисти во џихад, не би се заканиле. Бомбите би пукнале без најава.
Затоа не верувам дека џихадисти се во прашање.
Ова со заканите е масло на власта по наредба и план на странци или нечиј план за уцена и дестабилизација на власта, за да се принуди да го истурка до крај она што го ветила на странците. Видовте Обиџуко каков театар правеше? Затворени улици полиција, специјалци на секое ќоше. Мисли глупи сме ко него.
Значи, дојавите за бомби не доаѓаат од деца и осамени мастурбатори што не опнале жена у животот. Тука да бидеме на чисто, порача Тасевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.