Власта бега од избори затоа шти ги знаат резултатите, граѓаните се севсни гледаат што се случува околу нив. Јасно е што се случува, рејтингот на Владата е на минус и не одат на избори за да можат до последен ден да исцрпат она што може да го исцрпат од ресурсите на Македонија изјави порпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Телевизија Алфа.
Стоилковски посочи дека граѓаните веќе точно знаат како да реагираат и да оценат. Не постои толкава апатија што ќе го одврати народот да ја казни оваа власт што 3 години го казнува народот.
Индексот на мизерија се должи на односот на власта кон состојбите но и кон истојбите кои ги предизвикува со нивното изостанување на реакција. Изостанувањето на реакција е она кое што го депримира човекот каде и да живее бидејќи тој се бунтува и реагира на неправда гледајќи ја правдата, рече Стоилковски.
Стоилковски додаде дека одговорност за било што во државата нема.
Нема одговорност кај власта, работите течат без реакција од институциите и тоа е чуството на несигурност кај граѓаните, а уште повеќе на непредвидливост за тоа што утре може да се случи е она што се нарекува мизерија, изјави Стоилковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.