Новоизбраниот шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција Ислам Абази на функцијата на која официјално стапи денес, доаѓа по критики од Советот на јавни обвинители дека додека раководел со Вишото јавно обвинителство Гостивар, немало ниту едно барање за конфискација на имот стекнат од криминал, објави СДК.МК.

Како што објави САКАМДАКАЖАМ.МК во јуни детали од Записник, Советот на јавни обвинители на посебна седница расправал за лошата состојба во Вишото јавно обвинителство Гостивар со кое раководеше вишиот јавен обвинител Ислам Абази. Меѓу другото, заклучено е дека ова обвинителство, нема побарано една конфискација на имот.

Абази пак, во првата изјава по победата на изборите за шеф на ОЈО за организиран криминал, се пофали дека е во работна група за конфискација на имот стекнат од криминал. Кажа дека учествувал и во работни групи за изработка на други закони од кривично-правната материја.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.