Инцидентот што го предизвикале пропадници на Тигрите во кафеана во Белимбегово беше повод за прес-конференција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски. Според него, силите на Оливер Спасовски го валкаат угледот на македонската полиција. Наместо да се насочат на потрага по исчезнатиот син ка Командант Баци, тие вадат пиштоли во кафеани и учествуваат во тепачки.

Срамно и недостоинствено, припадници на полициските специјалци Тигри, во кафеана во скопско Белимбегово, ваделе оружје, според медиумите, кон бремени жени, започнале тепачка со сопругот на бремената, а во инцидентот има и последици и сето ова е пријавено и за сето има записник во полициска станица! Наместо да го бара избеганиот притвореник, синот на Командантот Баци од УЧК, полицијата вади пиштоли по кафани, реагира Стоилковски.

Тој потсетува дека ова е сликата за МВР со Оливер Спасовски, кој веќе осум години е министер за полиција.

Ниедно решено пукање низ Скопје, редици криминални пресметки, киднапирање и убиство, бегства од притвори и затвори, а полицијата ако не е дел од акциите, тогаш вади пиштоли по кафеаните! Оливер Спасовски, доколку е доблесен, веднаш мора да одговори за бегството на синот на Командантот Баци од УЧК, и за однесувањето на Тигрите по кафеаните.

П



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.