Власта мора да даде објаснување за резултатите од пописот, а штом нема објаснување тоа отвора сомнеж дека се работи за некаков вид на инженеринг, бидејќи бројките не содејствуваат со реалноста, вели Иван Стоиlковиќ пратеник и претседател на Демократската партија на Србите во Македонија за „Што не е јасно“ во Алфа.

Тој вели дека она што сериозно загрижува и нема објаснување е како бројката на припадниците на српската заедница е за третина и повеќе намалена односно од 36.000 на минатиот попис на 23.000 сега.

Кај нас во партијата има 7.000 поединечни пристапници, секоја кампања како политичка партија посетуваме од 6 до 8.000 српски семејства, а што е со припадниците на српската заедница кои членуваат во другите српски партии, со тие во ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и другите партии? Само по себе се наметнува дека бројките не содејствуваат со реалноста, рече тој.

Стоиlковиќ истакна дека исчезнување на една третина од некоја национална заедница е невозможен, а државата треба сериозно да се запраша каде е таа една третина.

Ние сме граѓани на Македонија и државата е должна да ни го даде тој одговор. Од пописот зависи степенот на остварување на правата. Така е наметнато со Охридскиот рамковен договор кој е составен дел од Уставот. Затоа е потребна контрола, нагласи Стоиlковиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.