Македонија доби наместо премиер, стендап комичар и дезертер. Неговите гафови и шеги кои никој не ги разбира говорат за ниското ниво на капацитет на Ковачевски да се носи и да ги решава проблемите на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Заслугите на овој стендап комичар се Македонија на врвот по мизерија и инфлација, на дното по борба против криминалот и корупцијата.

Велат Ковачевски не се потпишал само на хартијата која не му била ставена на биро, и затоа тој е најдобриот бугарски ас во македонската политика.

Димитар Ковачевски е на мака кој повеќе да го слуша, лидерот во сенка Заев во Струмица, или Али Ахмети од Зајас. Неговото безпоговорно следење државата ја втурна во амбис и проблеми.

Затоа стани Таче не криј се зад Цаци, наместо стендап комичар биди маж и прифати избори, зошто секој ден е се полошо со СДС“ – велат од партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.