Срѓан Лалиќ, заштитен сведок во случајот против Веља невоља отри дека и лица од Македонија користеле телфони со апликацијата „Скај“ која е шифрирана и е речиси невозможно да се открие. Сепак по апсењето на кланот, со помош на француската полиција комуникацијата преку „Скај“ беше пробиена и излезе содржината на разговорите.

Лалиќ на вчерашното рочиште објасни дек прв пат  добил „Скај“ пред убиството на шините  од Беливук и по убиството го уништил.  Од 2018 година станал дистрибутер за оваа апликација.

Преку официјалната веб-страница на „Скај“ поднесов барање да бидам дистрибутер, односно партнер. Стапив во контакт со раководството на „скај“, разменивме пин-кодови и комунициравме преку скај – изјави Лалиќ.

Цената на „Скај“ била  1.100 евра за шест месеци, 600 евра за три месеци.

– Во еден момент бев претставник за Балканот, имав неколку агенти. Илија Ковачевиќ, Balkan Sky соработуваше со мене за Белград – изјави тој и рече дека има мрежа во Хрватска, Црна Гора, Австрија, Швајцарија, Словенија, Германија и Македонија.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.