Старата зграда на основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга, каде по реконструкцијата се смести Општината, доби спомен-плоча испишана само на албански јазик со која се велича фашистичката окупација на градот, кога Албанското кралство го востановило албанскиот јазик како службен во Југозападна Македонија, пренесува „Сакам да кажам“. Текстот на еднојазичната табла во превод содржи: основно училиште, Конгресот во Битола и датумот на негово отворање 1 септември 1941 година.

Никола Кукунеш од Советот на Општина Струга објаснува дека таблата значи повикување на придобивка којашто е настаната под фашистичка окупација. Вели дека образованието на овие простори почнува во 1945 година за сите подеднакво и за Албанците и за Турците и за Македонците, а тоа е нешто што нè обединува и што е заедничко.

За советниците од ВМРО-ДПМНЕ ваквата, како што ја нарекоа, скандалозна спомен-плоча испишана само на албански јазик го отсликува самоволието на градоначалникот на Општина Струга Рамиз Мерко.

Целата сторија на „Сакам да кажам“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.