Во духот на синдикализмот и поддршка на владеењето на правото, Синдикатот на полицијата во Македонија – СПМ дава поддршка на претставниците и членовите на Синдикатот на контролори на летање, како и претседателот Александар Тасевски, со надеж дека ќе преовладее разумот и правдата.

Се надеваме дека Јавното обвинителство ќе се одважи и ќе ги преземе сите мерки за правилно и законско санкционирање на сите инволвирани во случувањата во М-НАВ, без разлика на тоа кои се чинителите на настанот, како и организаторите, помагачите и оние кои можеле, но не го спречиле настанот.
Синдикален поздрав, велат во пораката СПМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.