Социјалистичката партија на Македонија како неoдговорни ги цени фалбите и лагите на СДС и ДУИ дека граѓаните годинава ќе имаат повиски плати.
Споредбите што ги прави власта се манипулативни зошто се мери само номиналниот раст на парите, а не реалниот. СДС и ДУИ не споредуваат за колку се пораснати цените на сите производи и со тоа драстично е опадната куповната моќ на граѓаните. Инфлацијата сериозно ги осиромаши граѓаните и тие со право се незадоволни и гневни на оваа влада.
Власта не спомнува, затоа што таа е виновна, што бројот на сиромашни е зголемен за нови 150.000 граѓани и достигна алармантни 600.000 сиромашни, се вели во соопштението на СПМ.
Овој драматичен раст на сиромаштијата е резултат на ниските плати и пензии со кои се фали власта со цел да ги лаже граѓаните колку убаво живеат. Најниските плати и пензии во регионот се потврда на неколку годишното заостанување и пад на примањата на граѓаните.
Социјалистичката партија на Македонија бара од премиерот во заминување Ковачевски и од министрите да не ги манипулираат граѓаните со нивните неуспеси и со катастрофалните предавнички политики во сите домени на живеење инфантилно претставувајќи ги како лажни успеси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.