Вечерва се обратив на Политичка академија за социјална демократија, организирана од Прогрес Институт за социјална демократија со поддршка на Фондацијата „Калеви Сорса“ од Финска и Меѓународниот Центар „Олоф Палме“ од Шведска напиша Спасовски.

Разговаравме за македонските безбедносни перспективи произлезени од евроинтеграциските процеси: За имплементацијата на европските стандарди во областите кои се опфатени во Поглавјето 24. Правда, слобода и безбедност, а кои ќе обезбедат спроведување на неселективна борба против сите облици на организираниот криминал; илегална миграција и криумчарење на мигранти; сајбер закани; меѓународната соработка – со земјите од регионот, со агенциите на ЕУ (во прв ред Frontex, Europol, EASO), на ООН (IOM, UNHCR), како и релевантни меѓународни организации (OSCE, ICMPD, DCAF, итн); Договорот помеѓу Република Македонија и Европската Унија за оперативни активности спроведени од страна на Агенцијата за Европска гранична и крајбрежна стража во Република Македонија (FRONTEX).

Процесот на преговори со ЕУ несомнено ќе го забрза реформскиот процес во сите сфери на нашето работење, но истовремено ќе отвори и подобри можности, услови за живот за нашите граѓани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.