Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата 24 анализа на ТВ 24,истакна дека уставните измени теоретски може да се завршат, а практично не можат.

Теоретски ако обезбедиме, имаме 80 пратеници во Собранието, тоа може да помине. Може и реално да се обезбеди мнозинство во Собранието, но е многу потешко од изминатиот период. Ова го црпам од политичката одговорност на политичките субјекти. Не може само декларативно да кажеме дека сакаме да сме во ЕУ, а да не ја понесеме политичката одговорност. Сите напори мора да бидат направени во наредниот период преку парламентарен дијалог и да успееме да дојдеме до консензус за промена на Уставот – рече Спасовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.