Кога ќе тргнеш во војна со медиуми, а притоа збориш како требала европска платформа за влез во ЕУ, тогаш нервозата кажува дека не знаеш што збориш и каде тераш.
Невладините кои беа дел од рушење на режимот ги направија не провладини, туку владини.
Вратија субвенционирање печатени/послушни медиуми, им купија портали на очајните им апологети, уште веруваат дека со твитер полиција и ботови ќе оддржат некаков политички консензус.
Ги собраа во коалиција сите најголеми криминалци од Љубе, Бучко, Љубчо, семејство Амди, Тачи.
И понатаму тераат ПР со вучковистички советници и одамна излапени новинари позајмени на комуникации.
Ја упропастија и МИА, која и онака беше крш, само заради критики и одбивање на послушност.
Ги испоганија и избркаа сите луѓе што мислат со сопствена глава, се затворија во тесни и самореферентни кругови и мислат дека така утре ќе донесат битни политички одлуки, ќе придобијат некого со корпоративен ПР, каде премиерот шета по фирми и јаде по мензи, а сите останати се невидливи јер небитни или презафатени со товарење на магарето.
Какви заблуди, а плус ве чека апсење, кое ако се случи, само уште ќе ве испокара и направи уште понервозни.
Ама што, и онака чекате само да паднете и купувате време до редовни избори.
Имате среќа што имате ваш калибар куртони во опозиција, па некако издржувате, пишува на Фејсбук, Ивор Мицковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.