Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во неделното интервју на Радио Слободна Европа најавувa дека е можно да се донесе решение во врска со регистарските таблички на возилата кое нема да претставува финансиско оптоварување на граѓаните.

Налепници на регистарските таблички се можно решение за обврските со Преспанскиот договор. Министерот Спасовски во интервју за Радио Слободна Европа рече дека работна група во МВР ги разгледува сите опции, а се прават и консултации со Транспорт, но и со превозниците, со цел товарот да не падне врз граѓаните и бизнисот.

За многу кратко време ќе имаме решение коешто би било поволно за граѓаните во делот за промена на регистарските таблички. Јас така барем се надевам и очекувам. Со тоа што, од друга страна ќе мора да стават и норми на строги казни за сите оние коишто нема да го почитуваат тоа, изјави Спасовски.

Според Спасовски, налепниците се една од опциите.

Меѓутоа, кога ќе се донесе одлуката и решението ќе ги соопштиме на граѓаните, рече Спасовски.

Ова доаѓа по силните реакции од јавноста откако беше соопштено дека за секое возило кое на табличките ја нема ознаката „НМК“ ќе треба да се плати по 1.600 денари за промена на табличките.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.