Едно од имињата кои се споменуваат како кандидат за претседателската трка идната година од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, е поранешниот пратеник и универзитетски професор Александар Спасеновски.

Тој беше во „Клик Плус“ на ТВ21 и одговори на прашањето дали е тој на листата на кандидати.

Мислам дека е рано за било каков одговор. И натаму постојат голем број непознаници со изборите, со карактерот, дали ќе бидат одвоени, и со оглед дека маглата не е расчистена, многу е рано да дадам одговор. Дали би прифатил? Не би можел да се изјаснам во оваа фаза – вели Спасеновски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.